Мароко со повеќе стадиони од Португалија на СП 2030

154

Изненадување или не, Мароко ќе има повеќе стадиони за СП 2030 година од Португалија, открива шпански „АС“. Двете страни, заедно со Шпанија ќе го преземат домаќинството за седум години, а членовите на Организацискиот комитет преговараат за распределба на натпреварите.

Како што е познато, првите три меча ќе се одиграат во Уругвај, Аргентина и Парагвај, а потоа Мундијалот се сели во Европа и Африка. Со сигурност останатите 101 натпревар ќе се одиграат на 18 стадиони. До денеска паднал договор Шпанија да има десет стадиони, Мароко да има пет, а останатите три Португалија.

Шпанците посакале 11 стадиони, но тоа не им се допаднало на Португалците кои се пожалиле дека така ќе има огромна диспропорција. Мароканците настојувале за повеќе – шест, но на крај ќе се задоволат со пет. Тоа е добра варијанта за Мароканците затоа што во првичниот проект требало да добијат четири.

Нема да е изненадување ако финалето ќе се одржи на „Сантијаго Бернабе“ во Мадрид. Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта е задоволен што „Ноу Камп“ ќе организира едно од полуфиналињата.
Мароко исто така го посакале финалето, но немале поддршка. Мароко ќе ги реновира стадионите во Рабат, Маракеш, Агадир, Фес и Танжер за споменатиот Мундијал. Инаку ова африканска држава ќе биде домаќин на Купот на африканските нации во 2025 година.

Инаку претходно неколку фудбалски работници, сегашни и поранешни, реагираа на оваа луда идеја на ФИФА за СП 2030 година на три континенти.

ПретходноДрамата во Пиреја за Олимпијакос, Партизан има за што да жали (ВИДЕО)
СледноЃоковиќ и Алкараз закажаа спектакл пред 40.000 гледачи