Боксерскиот промотор Еди Херн тврди дека Ентони Џошуа и Тајсон Фјури би можеле да заработат повеќе од 100 милиони фунти доколку се соочат во битката за Британија следната година. Фјури и Џошуа беа во преговори за борба минатата година, но преговорите пропаднаа откако „Џипси Кинг“ се премисли.
Фјури и обезбеди борба со поранешниот шампион во тешка категорија на УФЦ, Френсис Нгану, додека Џошува веќе се сретна и го победи Роберт Хелениус. Сепак, Херн е категоричен дека борбата меѓу двајцата ќе се случи откако Фјури ќе се бори со Олександр Усик, а Џошува ќе се соочи со Деонтеј Вајлдер.
Ако и двајцата победат во тие борби, Херн тврди дека би можеле да заработат по 100 милиони фунти од нивна меѓусебна пресметка следната година.
„Ќе освојат по 100 милиони фунти. Ако Фјури го победи Усик, а Еј Џеј го победи Вајлдер, секој од нив ќе заработи над 100 милиони фунти. Тогаш сè станува лесно“, вели промоторот.