Нејмар со порака по новата повреда: Ова е тажно, повторно се од почеток

124

Ден по новата сериозна повреда која ја заработи на натпревар на бразилската фудбалска репрезентација во квалификациите за Светското првенство, се огласи и ѕвездата на бразилскиот фудбал, Нејмар. Тој заработи тешка повреда на вкрстените лигаменти во коленото, па се сега го чека долга рехабилитација.

31-годишиот Нејмар објави порака на социјалните мрежи во која се вели:

„Ова е многу тажен момент, најлош. Знам дека сум силен, но овој пат уште повеќе ќе ми требаат семејството и пријателите. Не е лесно да се помине период на повреда и операција. Речиси можете да замислите како е да морате повторно да поминете низ сето тоа по четири месеци рехабилитација. Имам верба, премногу. Но, јас ја ставам силата во Божјите раце. Ви благодарам за пораките и љубовта“.

Нејмар оваа сезона одигра пет натпревари за Ал Хилал, постигна еден гол и имаше три асистенции.

ПретходноБартомеу, Росел и Лапорта се обединуваат во одбрана за случајот „Негреира“
СледноШкупи и Брегалница место на „Чаир“ ќе играат во Куманово