„Покетино нема да ја дочека Нова година на клупата на Челзи“

754

Маурисио Покетино можеби нема да биде менаџер на Челзи и по Нова година. Ова го тврди поранешниот играч на тимот, Будјевин Зенден.

„Сините“ имаат лоша сезона, а новиот менаџер се мачи да го најде оптималниот состав, пред се поради бројните отсуства на фудбалерите поради повреди.

Од доаѓањето на новиот сопственик Тод Боли пред година и пол, лондончани сменија тројца менаџери и уште двајца привремени, па газдите дефинитивно не се најтрпеливи.

„Воопшто не му е лесно на Покетино и многу добро го знам притисокот врз него и како функционираат работите во Челзи. Клубот минува низ преоден период, но даде огромни суми за играчи и сака резултати. Сепак, игрите се далеку од очекуваното“, изјави Зенден.

„Доколку не ги добиеме очекуваните бодовии до Боксинг деј, ќе биде многу тешко за сите во тимот. Дефинитивно не сум сигурен дека Покетино ќе го дочека Божиќ на чело на тимот“, вели Холанѓанецот.

ПретходноТанески го скрати списокот за „Трофеј Карпати“
СледноТони Јакимовски – селектор на У-19: Честитки до фудбалерите, верувавме во успех!