“Признав дека сум геј и никој не ми свирка, тоа е супер“…

1199

Јакуб Јанкто, репрезентативецот на Чешка и член на Каљари, пред неколку месеци јавно призна дека е геј. Тој со тоа стана првиот фудбалер на некоја репрезентација кој тоа јавно го кажал.

Откако тоа го направи на социјалните мрежи, како што самиот вели, неговиот живот тотално се променил. По само неколку минути од објавата почнале да му пристигнуваат пораки.

Не е лесно да си првиот што така јавно го кажуваш тоа. Очекував на гостувањата да ми свиркаат од трибините, но тоа не се случи. Секако дека тоа е супер. Добро е што сите знаат. Моите клупски колеги ме повикуваат на дружење, нема никаков пролем. Јас одлично се чувствувам во Италија“ рече покрај другото Јанкто.

ПретходноИванишевиќ како тренер на Новак зема 40.000 евра месечно, но и плус бонуси за секој освоен гренслем!
СледноТонали на терен дури во 2025 година!?