Салах со видео порака повика на итен прекин на „масакрите во Газа“

106

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах повика на прекин на, како што рече, „масакрите“ во Газа, велејќи дека хуманитарната помош мора веднаш да влезе во опколената палестинска енклава.

Салах објави видео порака на своите профили на социјалните мрежи, коментирајќи го тековниот конфликт, откако беше жестоко критикуван во неговиот роден Египет дека молчел по ова прашање повеќе од една недела.

„Никогаш не е лесно да се зборува во вакво време, имаше премногу насилство и премногу потресна бруталност… Сите животи се свети и мора да се сочуваат“, рече Салах, додавајќи: „Масакрите мора да престанат. Семејствата се распарчуваат.. Јасно е дека хуманитарна помош за Газа мора веднаш да се дозволи. Луѓето таму се во ужасни услови“.

ПретходноКолкава отштета ќе му исплати ФИФА на Ал Хилал за повредата на Нејмар?
СледноЕ. Пелистер во Загреб пред нов голем предизвик за први бодови во ЛШ