Стефан Ристовски, некогашниот капитен на нашата најдобра репрезентација, еве веќе втор квалифиикациски циклус е надвор од неа. Тој јавно кажа, преку својот Инстаграм профил, дека додека Благоја Милевски е селектор, тој нема да игра за Македонија. На ова свој коментар пред некој ден имаше и нашата икона, Дарко Панчев, кој жестоко го критикуваше потегот на играчот на Динамо. Воопшто не го штедеше.
Стефан за “Вечерњи Лист“ во големо интервју, кажува и за тоа дека по малку чудно му било за време на репрезентативната пауза, со оглед на тоа дека немал обврски.
“Тоа ми е навистина ново, малку ми беше чудно. Отсекогаш било штом ќе дојде репрезентативната пауза, јас се пакувам, па на пат, па со репрезентацијата. Сега веќе не е така. Сега сум само играч на Динамо Загреб и целосно сум посветен на мојот клуб, и навистина добро ми доаѓа овој одмор. А не се сум со репрезентацијата зошто се случија некои работи, јас имав што да кажам, сега не би сакал понатму да говорам на таа тема“ рече покрај другото дефанзивецот на Динамо Загреб и некогашен капитен на нашата репрезентација.