По две недели пауза поради настапите на репрезентациите, претстојниот викенд ќе се одиграат мечевите од 11.коло во нашата елитна лига. Дербито на колото е дуелот меѓу Работнички и Вардар, соседското дерби, кое се игра на “Борис Трајковски“ во Скопје. Главен судија на овој меч ќе биде Игор Стојчевски од Скопје. Во Ѓорче, каде што ќе играат Македонија ЃП и Струга ТЛ, главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 11.КОЛО – НЕДЕЛА (14 Ч)
Работнички – Вардар: Игор Стојчевски (Скопје)
Шкупи – Брегалница: Влатко Илиоски (Прилеп)
Силекс – Тиквеш: Марјан Младеновски (Скопје)
Македонија ЃП – Струга ТЛ: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Гостивар – Воска: Стојанче Стојанов (Штип)
Шкендија – Брера Струмица: Димитар Пилешков (Штип)