Шкупи и Брегалница место на „Чаир“ ќе играат во Куманово

459

Натпреварот од новото коло во домашното фудбалско првенство меѓу екипите на Шкупи и Брегалница (Ш) нема да се игра на стадионот во „Чаир“. Како што потврдија клубовите, поради отпочнати активности за реновирање на тревникот на стадионот на Шкупи, средбата ќе се одигра во Куманово.

Шкупи ќе биде домаќин на стадионот на Башкими во Куманово, а стартот на средбата останува непроменет – 14 часот.

ПретходноНејмар со порака по новата повреда: Ова е тажно, повторно се од почеток
СледноВардар го пушти во употреба старо-новиот дом на младинската школа