Јовиќ: Немавме решение во последните 15 минути

218

Пелистер го запиша петтиот пораз во Лигата на шампиони, откако на гостувањето кај ППД Загреб беше совладан со 27-18. Македонскиот првак беше рамноправен противник до 45. минута по што целосно се распадна, во второто полувреме избраниците на Александар Јовиќ постигнаа само осум голови, а примија 17.

По поразот, Јовиќ, предупредува дека тие последни 15 минути се повторуваат постојано, па тоа е нешто на што ќе мора да поработат ако сакаат да победат во Лигата на шампиони.

„Пресуди тоа што во последните 15 минути немавме решение ниту во нападот ниту во одбраната. Истото ни се случуваше и на претходните натпревари и факт е дека мора да работиме повеќе на тоа, за да не ни се повторува и во иднина и за да можеме да победиме екипи во Лигата на шампионите“, изјави Јовиќ по поразот.

Македонскиот репрезентативец, Петар Атанасијевиќ призна дека не го издржале темпото до крај.

„Во ваков натпревар треба да си фокусиран 60 минути. Ние не го издржавме истото темпо во сите 60 минути. Мислам дека двете екипи дадоа одлична партија, а на крај искуството на противникот пресуди“, рече младиот Атанасијевиќ.

Претходно„Ко то тамо пева“…
СледноПорто на Митревски поразен кај Магдебург, драмата во Кјелце без победник!