Капитенот и бек на Барселона, Серхи Роберто, ризикува да ги пропушти следните натпревари на својот тим поради повреда.
Како што објавиј аод клубот, лекарскиот тим на Барселона на 31-годишниот Шпанец му констатирал оштетување на мускул на десната нога, по што тој ќе мора да оди на рехабилитација.
Точниот тајминг на закрепнувањето на Серхи Роберто во моментов е нејасен, а природата и сериозноста на повредата допрва ќе се проценува. Во следните три натпревари Барселона ќе игра против Атлетик Билбао во Ла Лига (22 октомври), Шахтјор Доњецк во Лигата на шампионите (25 октомври) и Реал Мадрид во Ла Лига (28 октомври), што автоматски го става и тренерот Чави под притисок доколку не може да смета на капитенот за трите важни натпревари.