Уникс Казан дојде до третата победа во низа во новата сезона во ВТБ-лигата, која е бранител на титулата.
Тимот за кого настапува најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ на домашен терен славеше против У.Екатеринбург со убедливи 94-67.
Димитријевиќ и овој пат беше меѓу лидери во редовите на својот тим. Зад своето име запиша дабл-дабл од 12 поени и 14 асистенции, на теренот мина нецели 27 минути за кои имаше пет украдени топки и еден скок. Десет од вкупните 12 поени ги постигна од линијата за слободни фрлање каде беше перфктен.
Уникс имаше одлична прва четвртина ја доби со 29-17, предност која во преостанатиот дел од мечот само ја зголемуваше.
Во друштвото на екипи без пораз во новата сезона е ЦСКА Москва предводена од македонскиот стратег, Емил Рајковиќ, има четири победи во исто толку одиграни наторевари.