Нов пораз за македонскиот првак во ЛШ: Пелистер распарчен во Загреб

465

Пелистер не успеа ниту во петтиот обид да дојде до првата победа оваа сезона во Лигата на шампиони. Македонскиот првак е совладан на гостувањето кај ППД Загреб со убедливи 27-18. Со петтиот пораз во низа, битолчани се последни на табелата без победа, исто како и Целје и Висла во другата група Б.

Двата тима одиграа меч со мал број на голови, по првото полувреме резултатот беше 10-10. Ваквите бројки не се поради добрите одбрани, туку лошиот ракомет кој го гледавме, а тоа до некаде беше очекувано со оглед на тоа дека оваа средба беше шанса за важна победа оваа сезона во Лигата на шампиони.

Домаќинот во вториот дел, некаде од средината заигра на високо ниво, ја казни секоја грешка на противникот за нови бодови. Пелистер постигна само осум голови во овој дел и веќе треба да се запраша како понатаму. Мора да се менува нешто. 

Хрватскиот тим поведе со 2-0, беше на гол-ва дпредност, по што македонскиот првак со три гола во низа (Сери, Тајник и Борзаш) во 22 минута дојде до првото водство на мечот (5-6). Во овој дел, Пелистер уште двапати се најде во подобра позиција, водеше со 8-9 и 9-10, домаќинот на одморот изедначи на 10-10.

Пешевски и Петар Атанасијевиќ донесоа ново водство на својот тим во 38 минута (12-13). Претходно Костески заработи црвен картон во 35 минута откако во налет го удри во лице Дибиров при 11-11.

Во 41. минута, ППД Загреб на крилата на Дибиров и Кавчиќ дојде на плус два 15-13. Битолчани со головите на Ѓорговски и Радивојевиќ ја вратија неизвесноста на мечот. Но, Дибиров се разбуди во овој дел, изнуди уште еден црвен картон, Петровиќ мораше да го заврши дуелот поради груб старт над Русинот.

Хрватскиот тим по 16-16, на крилата на Дибиров и Чупиќ, и Мандиќ, успеа да направи серија од 6-1 и да поведе со 22-17 во 52. минута. Во овој период Јовиќ и Шундовски повикаа тајм-аут, но не вроди плод.

Бродот почна да тоне, Кавчиќ со нов погодок зголеми на 24-18 и ја најави победата на свој тим. Не остана време, ниту шанси за битолчани, ППД Загреб ја полнеше мрежата на Пелистер.

Статистиката кај Пелистер беше скромна, Борзаш имаше три гола, Сери, Пешевски, Васиљев и Радивојевиќ постигнаа по два гола.

ПретходноСтрашно добар гол во бразилската Серија А (видео)
СледноКолштад му го зеде скалпот на Кил, Сагосен без милост (ВИДЕО)