РК Вардар 1961 бара одложување на супер-дербито со Е. Пелистер!!!

392

РК Вардар 1961 и официјално побара одложување на супер – дербито со Е. Пелистер, кое треба да се одигра викендов во Битола. Причина за ваквото барање на вардарци, е дека тие имале 15 играчи и лица од стручниот штаб со тешка вироза.

Клубот пратил и допис до надлежните во РФМ, потоа и до Е. Пелистер.

Соопштението на Вардар ви го пренесуваме во целост:

Би сакале да Ве известиме дека во моментов, заклучно со денешниот последен тренинг на екипата, имаме 15-тина играчи и членови на Стручен штаб кои се зафатени од тешка вироза и не се во можност ниту да тренираат, ниту да играат натпревар.

Поради ова, би сакале да најдеме заедничко решение за оваа состојба која го зафати клубот, а се во интерес на регуларноста на Првенството, фер-плејот и спортското џентлменство. За поткрепа на се ова што го говориме во текот на утрешниот ден, ќе испратиме и медицински извештаи со кои што се потврдува горенаведеното.

Во овој момент, би сакале да побараме Официјално одложување на натпреварот од 8-коло Супер-лига мажи, помеѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, се до пронаоѓање на следен датум којшто ќе одговара на двете екипи“

Спортски поздрав

ПретходноСтефан Ристовски: Во репрезентацијата се случија некои работи, јас имав што да кажам, сега не би сакал понатаму да говорам!
СледноУЕФА официјално објави: Натпреварот Белгија – Шведска нема да се доигрува!