Стефан Ристовски: Во репрезентацијата се случија некои работи, јас имав што да кажам, сега не би сакал понатаму да говорам!

3205

Стефан Ристовски, некогашниот капитен на нашата најдобра репрезентација, еве веќе втор квалифиикациски циклус е надвор од неа. Тој јавно кажа, преку својот Инстаграм профил, дека додека Благоја Милевски е селектор, тој нема да игра за Македонија. На ова свој коментар пред некој ден имаше и нашата икона, Дарко Панчев, кој жестоко го критикуваше потегот на играчот на Динамо. Воопшто не го штедеше.

Стефан за “Вечерњи Лист“ во големо интервју, кажува и за тоа дека по малку чудно му било за време на репрезентативната пауза, со оглед на тоа дека немал обврски.

Тоа ми е навистина ново, малку ми беше чудно. Отсекогаш било штом ќе дојде репрезентативната пауза, јас се пакувам, па на пат, па со репрезентацијата. Сега веќе не е така. Сега сум само играч на Динамо Загреб и целосно сум посветен на мојот клуб, и навистина добро ми доаѓа овој одмор. А не се сум со репрезентацијата зошто се случија некои работи, јас имав што да кажам, сега не би сакал понатму да говорам на таа тема“ рече покрај другото дефанзивецот на Динамо Загреб и некогашен капитен на нашата репрезентација.

ПретходноКомплетното прво коло во новата одбојкарска сезона ќе се одигра во сабота
СледноРК Вардар 1961 бара одложување на супер-дербито со Е. Пелистер!!!