Познати се судиите за 9.коло во нашата Втора лига, натпревари кои се играат в сабота со почеток од 14 часот. Мечот меѓу Скопје и Беса, кој ќе биде еден од најинтересните, ќе го суди Александар Грујоски од Кичево. Пелистер гостува кај Арсими, а на овој меч главен судија ќе биде Крумислав Ѓорѓиев од Штип.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 9.КОЛО – САБОТА (14 Ч)
Новаци – Охрид: Христијан Божиновски (Скопје)
Саса – Беласица: Дарко Стојчевски (Скопје)
Детонит – Осогово: Јордан Јовановски (Гевгелија)
Кожув – Победа: Димитар Левески (Охрид)
Караорман – Башкими: Боби Величков (Велес)
Вардар (Н) – Тетекс: Владимир Ѓорѓиевски (Битола)
Скопје – Беса: Александар Грујоски (Кичево)
Арсими – Пелистер: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)