Алваро Рекоба е назначен за нов тренер на уругвајскиот Национал. Тој доаѓа на местото на Алваро Гутиерез кој доби отказ по поразот од Бостон Ривер. Национал има скор од две победи, три ремија и еден пораз и е на шестото место со пет бода помалку од лидерот Пењарол.
Инаку Рекоба е третиот тренер на Национал оваа година. На почетокот на годината беше назначен Аргентинецот Рикардо Зиелински кој изненадувачки го наследи Пабло Репето кој го освои шампионатот во 2022 година. Сепак, авантурата на Зиелински траеше кратко – осум меча и само три победи. Тимот заврши седми во Апертура со што следуваше отказ и доаѓање на Гутиерез.
Рекоба кој во кариерата настапуваше за Национал, Интер, Венеција, Торино, грчки Паниониос и за Уругвај одигра 68 натпревари, се нафаќа на тешка работа. Тој нема искуство како тренер. Досега работел во Третата лига.
Дебито Рекоба ќе го има во понеделник против Депортиво Малдонадо. Потоа ќе се соочи со Ривер Плате, па следува дербито со Пењарол, па со Данубио…
Национал има 49 титули во Уругвај, две помалку од лидерот Пењарол.