КК Пелистер е казнет со 32.000 денари поради своите навивачи!

197

КК Пелистер ќе мора да уплати во касата на КФСМ 32.000 денари и тоа поради своите навивачи на дербито со МЗТ Скопје. Надлежните во федерацијата изрекоа две казни, првата од 8.000 денари поради неспортско однесување на домашните навивачи, а втората е од 24.000 денари поради плукање на службени лица, па така заедничката санкција е 32.000 денари. Но ова не е се, има казна и од 6.200 денари поради техничката на Амар Хот и неисправните технички уреди.

Значи КК Пелистер и тоа како скапо ја плати победата над МЗТ Скопје, актуелниот шампион на Македонија.

ПретходноПовредата е минато: Шампионот со Ибраими во Ѓорче, нека му ја мислат “лавовите“!
СледноПеп со предлог: Секоја година една „Златна топка“ за Меси, а другата за сите останати!