Легендарниот Игудала објави крај на кариерата

139

 

Еден од најтрофејните кошаркари во НБА лигата во последната деценија Андре Игудала објави дека се пензионира. Тој заминува по 19 сезони поминати во најсилната американска кошаркарска лига. Тој уште минатата сезона најави пензионирање, но по убедување на Стеф Кари се врати и одигра уште една сезона. Тогаш потпиша едногодишен договор со Голден Стејт, а одигра само осум меча затоа што се повреди.

Инаку кариетата во НБА ја почна во 2004 година. Освои четири титули, беше МВП на финалето во 2015 година, учествуваше во Ол стар натпреварот во 2012 година. Освои злато на Олимпијадата во 2012 и злато на СП во Турција во 2010 година.

Освен за Голден Стејт со кој три пати беше шампион пред да замине во Мајами Хит. Се врати во Вориорс во 2022 година и ја освои последната четврта титула.

ПретходноМинатогодишниот финалист на Вимблдон отпадна од АТП-листата
СледноВлегоа да ја пополнат лигата, па излегоа најлош тим на светот – три години немаат победа