И дефинитивно Нусар Мазрауи останува фудбалер на Баерн Минхен. Ова е голем пресврт откако вчера низ медиумите се шпекулираше, а посебно „Билд“ дека клубот ќе го избрка репрезентативецот на Мароко поради неговата поддршка на Палестина во војната меѓу Израел и Хамас.
Па така Баерн Минхен излезе со официјално соопштение во кое стои дека двете страни, клубот и фудбалерот, имале состанок, на кој расчистиле некои работи и дека Мазрауи кажал дека одлучно е против војната и протов тероризмот. Од Баерн истакнуваат дека Мазрау е повреден и затоа не работел со останатите играчи на вчерашниот тренинг туку индивидулно.
Сепак од Баерн ме кријат дека тие како клуб и Германија како земја не кријат дека во оваа војна се на страната на Израел.