ФИФА не и дозволи на Палестина да ги игра натпреварите во Алжир

262

ФИФА и Азиската фудбалска конфедерација и забранија на Палестина своите натпревари од квалификациите за СП 2026 да ги игра во Алжир.

Претходно Алжирската фудбалска федерација (ФАФ) објави дека земјата ќе биде домаќин на натпреварите на палестинската репрезентација по ескалацијата на конфликтот со Израел. Алжирците најавија дека ќе ги покријат сите трошоци за организација на квалификациските натпревари за СП 2026 и Азискиот куп 2027 година.

Сепак, денес ФИФА објави дека таков преседан нема да дозволи. Имено, според светската куќа на фудбалот, Палестина мора да биде домаќин на азиско тло, а на во Африка, која е сосема друга зона.

ПретходноЧави: Нападите врз Барса имаат за цел да го дестабилизираат клубот
СледноАнчелоти за променетите позиции на Родриго и Камавинга: Поаѓам од потребите на тимот!