Карло Анчелоти им одговори на двајца свои фудбалери кои деновиве често зборуваа за тоа дека мора да играат на позиции кои не им се природни. Родриго изјави дека не сака да игра како класичен центарфор (деветка), но е принуден на тоа во Реал Мадрид, а пред него и Едаурдо Камавинга, рече дека не му се допаѓа тоа што почесто игра лев бек, отколку играч за врска.
„Мислам дека е многу важно да се знае каде секој играч сака да игра. Никогаш не сум ставил играч на позиција со сила. Тие треба да се свесни дека тимот понекогаш има таква потреба од нив. Тие како Камавинга, Чуамени или Родриго мора да се жртвуваат. Поаѓам од потребите на тимот, а потоа и индивидуалните преференции. Јасно е дека ако го ставам Камавинга на дефанзивец, го информирам за одлуката. Никој од нив не ми рече: Нема да играм таму“.