Поради недостатокот на прволигаши во најсилната фудбалска лига на Хонг Конг, местото го пополни локалната репрезентација У23 (играчи до 23 години). Надежите на Хонг Конг испаднаа најлошиот тим што се натпреварувал во Првата лига на Хонг Конг па веројатно и во светот. Причина е што во три години нема ниту една победа.
Првата сезона во елитата ја завршија со едно реми и другото порази. Втората сезона 2022/23 заковани на дното со едно реми и 17 порази и гол разлика 6:67. Во оваа сезона по четири кола имаат едно реми и три порази со гол разлика 0:12.