Можни главоболки за Гвардиола, Реал сака да му земе играч од 80 милиони евра

908

Реал Мадрид летово остана без Карим Бензема, кој како и многу други ѕвезди замина во Саудиска Арабија. Ниту еден класичен напаѓач не пристигна на „Сантијаго Бернабеу“, но предничи Џуд Белингем, кој постигна десет гола и додаде три асистенции.

Англичанецот е првото име на Реал Мадрид оваа сезона, но кралскиот клуб сака да донесе вистински напаѓач во тимот и се сврте кон Англија.

Флорентино Перез ќе се обиде во Реал Мадрид да го доведе 23-годишниот аргентински напаѓач, Хулиан Алварез.

Момчето проценето на 80 милиони евра има договор со Манчестер Сити до летото 2028 година, а кралскиот клуб има намера да ја понуди споменатата сума.

Јасно е дека понудата на Реал Мадрид е тешко да се одбие, па Пеп Гвардиола секако би можел да се фати за глава зимата или следното лето, доколку Аргентинецот реши да каже „збогум“.

Аргентинецот оваа сезона настапи на 13 натпревари, а постигна шест гола со пет асистенции.

ПретходноЗа ПСЖ одигра само 132 минути, а неговиот дрес се продава повеќе од оној на Мбапе
СледноМодриќ во јануари од Реал се сели во Манчестер?