Мојсоски: Да нема злоупотреби, државата директно ќе им ги дава парите на спортистите, клубовите и федерациите!

507

Откако стана и дефинитивно јасно дека ваучер-системот нема да функционира како што досега беше случај, сега се подготвува нов закон. Па така нема да биде укината помошта од државата за спортистите, клубовите и федерациите, туку тоа ќе се изведува на сосема друг начин.

Наумче Мојсоски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, имаше што да каже на оваа тема:

АМС во координација со Министерството за правда, подготвија ново законско решение, со кое ќе се уреди новиот начин на реализација на спортски ваучер. Наскоро би требало да влезе во собраниска процедура и да биде изгласано на почетокот на следната година. Јасно е дека ќе има помош на спортистите, клубовите и федерациите, но не на начин како што беше досега. Критериумите ќе бидат затегнати, а тоа значи дека парите директно ќе одат кај спортистите, клубовите ио федерациите, се со цел да нема злоупотреби. Ваучерите ќе се реализираат двапати во година, во март и во јуни“ рече покрај другото Мојсоски.

ПретходноВМ Трајко Недев: Наградите ќе ги донирам за развој на младинскиот шах
СледноШкупи се пофали со реновираниот терен на Чаир, како и со нов фитнес – центар! (ФОТО)