(Не)очекувано: Меси е највлијателен спортист, Новак е единаесетти, а Роналдо дури на 27.место!

1321

Лиоенел Меси е убедливо највлијателен спортист во светот за 2023 година. Ова го тврди “Спортс Про“, медиумска компанија која годишно објавува листа на најпродавани спортисти врз основа на три критериуми: сила на брендот, вкупен адресибилен пазар и економија.

Сепак и на оваа листа има мали нелогичности. Првото место на Меси е ок, ама Новак Ѓоковиќ да биде единаесетти а замислете, еден Кристијано Роналдо на 27.место, секако дека тоа по малку зачудува.

Ина првите десет места на оваа листа се: Лео Меси, ЛеБрон Џејмс, Алекс Морган, Јанис Антетокунпо, Меган Рапино, Микаела Шифрин, Луис Хамилтон, Симоне Билс, Килијан Мбапе, Макс Верстапен.

Потоа следуваат Новак Ѓоковиќ (11.место), Стеф Кари (13), Роберт Левандовски (15), Алфонсо Дејвис (20), Хари Кејн (22), Кристијано Роналдо (27), Нејмар (31), Ерлинг Халанд (33).

Тука го нема ни Никола Јокиќ меѓу првите десет.

ПретходноПеп со предлог: Секоја година една „Златна топка“ за Меси, а другата за сите останати!
СледноКлоп потврди – Робертсон ќе отсуствува поголем дел од сезоната