Повредата е минато: Шампионот со Ибраими во Ѓорче, нека му ја мислат “лавовите“!

230

Убави вести за сите во таборот на шампионот, а посебно за стратегот на Струга ТЛ, Шпетим Дуро. Имено “бомбардерот“ Бесарт Ибраими во текот на изминатите денови редовно тренираше со своите колеги, повредата е минато и тој ќе биде во комбинација за неделното гостување на стружани во Ѓорче, кај Македонија ЃП, во меч од 11.коло во ПМФЛ.

Па, сега нека му ја мислат “лавовите“ зошто Ибраими секако дека не се помири со фактот дека тој сега има само 4 голови а на врвот на листата на стрелците во ПМФЛ е Алекса Марушиќ од Воска со 9 погодици.

Бесарт со тие четири гола има вкупно 190 во својата кариера во ПМФЛ, па едвај чека да дојде и до голот бр.200 во нашата елитна лига.

Инаку Ибраими на Чаир одигра само 15-20 минути, потоа на супер – дербито со Шкендија и на последниот меч со Силекс воопшто не беше во тимот па Струга ТЛ на тие три меча успеа да освои само 3 бода од можбните 9. Сега секако дека со Бесарт во нападот тимот на Струга ТЛ ќе атакува на целиот плен во Ѓорче.

ПретходноСтана светски првак со Аргентина а сега падна на допинг-тест, причината е детски сируп!
СледноКК Пелистер е казнет со 32.000 денари поради своите навивачи!