Карло Анчелоти е главен кандидат за селекторското место во Бразил. Во меѓувреме раководството на Рома не сака да го продолжи договорот со Жозе Мурињо.
Португалскиот стручњак има договор со италијанскиот тим до следното лето и се чини дека тогаш ќе ја заврши својата мисија. Рома имаше лош старт на сезоната, 11 бода по осум кол во Серија А.
Па по едно вакво сценарио странските медиуми веќе на големо пишуваат дека токму Мурињо може да биде замената за Анчелоти. Посебниот беше тренер на Реал Мадрид во периодот од 2010 и 2013 година, а него го замени токму Карлос Анчелоти.
Флорентино Перез ја прати и ситуацијата со Зинедин Зидан. Французинот ја одби понудата пред неколку месеци.
Договорот на Анчелоти истекува во 2024 година, и тој нема добиено понуда за соработка.
Важно е да се напомене дека Мурињо неодамна изјави дека сака да тренира тим во Саудиска Арабија. Покрај тоа, се шпекулира дека Ал Хилал веќе подготвил понуда со која би станал најплатен тренер во светот.
Дали навистина ќе се случи да замине во С.Арабија или ќе се врати во Реал, останува да видиме.