Сандро Тонали и натаму е во центарот на скандалот со нелегално обложување во Италија. Тој денеска бил сослушан и како што е наведено, се согласил да соработува со полицијата и бидејќи бил исклучен од застапување, поради зависност од коцкање бил на посета на психијатар.
Во кус разговор за „Скај Италија“, психијатарот на Тонали проговорил за степенот на проблемите во кои се нашол фудбалерот на Њукасл.
„Кога беше во најлошото, на врвот на патолошкото однесување, Сандро се обложувал на се што може да се обложи. Тоа е шема на однесување кај сите компулсивни нарушувања“, вели психијатарот.
„Се обложил и на победи на Милан. Тоа како да му станало суеверие од кое не може да се оттргне. Кога личноста е зафатена од овој тип на пореметување, се нарушуваат и центрите за задоволство. Повеќе не се работи за победа или пари“, објасни психијатарот.