Борусија (Д) се врати на чело на табелата во Бундеслигата, откако на стартот на 8. коло вечерва со минимални 1:0 славеше на домашен терен против екипата на Вердер. „Милионерите“ вечерва го имаа одлично рапсоложениот славеник, Јулијан Бранд, кој го постигна одлучувачкиот гол на мечот во својот јубилеен 300-ти меч во Бундеслигата.
Со овој триумф, „црно-жолтите“ се вратија на врвот на табелата со 20 бода, еден повеќе од Баер (Л) и два повеќе од Штутгарт кои своите натпревари од ова коло ќе ги одиграат викендов.
⚽️GOAL | Julian Brandt
67’ | Dortmund [1] – 0 Werder Bremen
pic.twitter.com/l3Xh4uev41— Prince (@Prin__ceee) October 20, 2023