Француски АСВЕЛ Вилербан објави дека се раздели со тренерот Ти Џеј Паркер по слабите резултати од почетокот на сезоната.
Во француското првенство клубот е на средината на табелата со 4 победи во 7 натпревари, а во Евролигата сезоната за Французите започна со три порази во низа.
Ти Џеј Паркер е помлад брат на претседателот на клубот Тони Паркер. Тој имаше договор со Вилербан до 2026 година. Обврските на тренерот засега ќе ги преземат неговите помошници.