На 28 октомври, значи наредната сабота на програмата е најголемиот клупски натпревар во светот меѓу Барселона и Реал Мадрид, тоа е популарниот „Ел Класико“ дуел кој ќе се одигра на стадионот “Монжуик“ ако се знае дека “Камп Ноу“ е во фаза на реконструкција.
Па така со оглед на тоа дека овој стадион има капацитет од 49.000 места или двојно помалку од “Камп Ноу“, цените на билетите за овој спектакл и тоа како пораснаа.
Најефтините се движат од 294 до 344 евра, а најскапите од 1.875 до 2.450 евра.
Ова се официјални цени, а јасно е дека истите ќе бидат драстично поголеми на “црниот пазар“.