Чави: Нападите врз Барса имаат за цел да го дестабилизираат клубот

148

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез изјави дека се согласува со ставовите на претседателот Жоан Лапорта за истрагата на клубот. Според двајцата, тоа е пристрасно и под влијание на Реал Мадрид.

100% се согласувам со претседателот. Целта е да се дестабилизира Барселона. Премногу се зборува за работи надвор од спортот. Во мое време се зборуваше за допинг и „Вијарато“ (обвинувања дека Барса ја поддржуваат судиите), што го измисли еден мадридски весник. E, за ова зборува претседателот. Секогаш било така“, изјави Чави.

Тренерот го сподели и своето изненадување од намалувањето на казната на Начо Фернандез. Дефанзивецот на Реал Мадрид првично беше казнет со три натпревари, но забраната беше намалена на два и тој ќе може да игра на Ел Класико на 28 октомври.

Големо изненадување. Минатата сезона на Левандовски не му беше намалена казната од три натпревари поради чешање на носот“, изјави Чави.

Барселона утре ќе се соочи со Атлетик Билбао и менаџерот потврди дека Ламине Јамал, Алехандро Балде, Илкај Гундоган и Роналд Араухо ќе бидат спремни за мечот. Сепак, тој ќе биде без Педри, Френки де Јонг, Роберт Левандовски, Жил Кунде и Серхи Роберто, со надеж дека некои од нив ќе бидат подготвени за дербито на Реал.

ПретходноАлкалоид не го менува стилот, нова убедлива партија за „осум од осум“
СледноФИФА не и дозволи на Палестина да ги игра натпреварите во Алжир