Се разбира е дека е за пофалба кога ќе се инвестира во инфраструктурата на клубот,со цел играчите да имаат што подобри услови за остварување на поголеми успеси.
Ова станува збор за Шкупи, еден од нашите најголеми клубови, кој денеска преку својот сајт, се пофали дека теренот на стадионот на Чаир е реновиран, но и дека е отворен нов фитнес – центар во склоп на стадионот. Потоа се подобрени условите за новинарите, како и собите за состаноци на играчите и слично.