Францускиот новинар Абдела Булма објави кој играч го има најпродаваниот дрес на ПСЖ. На врвот има изненадувачко име бидејќи многумина веруваа дека дресот на Килијан Мбапе е најпродаван, но информациите велат сосема нешто друго.
„Јужнокорејецот Канг-Ин Ли е играчот на ПСЖ со најмногу продадени дресови со неговото име. Мбапе е малку зад него“, објави Булма.
Вистинско лудило владееше во Јужна Кореја кога Ли во јули дојде во ПСЖ од Мајорка за 22 милиони евра. Илјадници навивачи стоеја во долги редици за да купат дрес со неговото име. Околу 70 отсто од дресовите на ПСЖ продадени во Сеул го носат името на Ли.
22-годишниот фудбалер одигра само 132 минути за ПСЖ, откако заработи повреда веднаш по пристигнувањето во Париз.