Италијанците објавија видео: Тренерот на Јувентус фатен во казино како се обложува на натпревари?

1258

Италија ја тресе голем скандал со обложување. Фудбалерите Николо Фаџоли, Сандро Тонали и Николо Заниоло се фатени како се обложуваат на фудбалски и тениски натпревари. Засега сигурно е дека играчот од средниот ред на Јувентус Фаџоли ќе добие седуммесечна суспензија.

Проблемите за Јувентус би можеле да станат уште поголеми бидејќи папарацото Фабрицио Корона објави дека во скандалот е вмешан и тренерот Масимилијано Алегри. Наводно се обложил на натпревари од Серија Б преку пријател кој ги платил билетите во негово име. Алегри беше фатен и во казино во Монте Карло за време на пандемијата на коронавирус.

„Постојано се коцкаше. Еднаш освоил 30.000 евра, а на човекот му дал 3.000 евра, велејќи дека тоа е за сметката, односно тоа било ливче за обложување. Неговиот пријател го платил ливчето за него. Многу се обложувал на натпревари од Серија Б од казиното“, вели доушникот на Корона.

Коцкањето во казино не е непристојно за Италијанците, но обложувањето на натпревари е проблематично. Да потсетиме, Фаџоли неодамна призна дека се обложил на фудбалски натпревари.

На спортистите во Италија им е забрането да се обложуваат на натпревари организирани од Италијанската фудбалска асоцијација, УЕФА и ФИФА и им е забрането да ставаат облози директно или индиректно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dillinger News (@dillingernews)

ПретходноДимитријевиќ по рекордната вечер откри зошто го одбрал Уникс пред евролигашките понуди!
СледноЗа ПСЖ одигра само 132 минути, а неговиот дрес се продава повеќе од оној на Мбапе