Ливерпул остана без еден од стандардните играчи. Се работи за Ендрју Робертсон кој го дислоцира рамото на меч за Шкотска. Пред дербито со Евертон, тренерот на „црвените“ Јирген Клоп потврди дека бекот ќе отсуствува долго време.
„Ќе оди на операција. Тоа значи дека ќе го нема извесен период“, изјави Германецот.
За ваква повреда е потребна операција и рехабилитација меѓу пет и шест месеци. Најрано што може да се врати е во финишот на сезоната.