Опуштено: Јокиќ прави спектакл и кога не се труди (ВИДЕО)

903

Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа Лос Анџелес Клиперс (103:90) во подготвителниот натпревар пред почетокот на сезоната. Никола Јокиќ повторно го направи она што го прави најдобро.

Српскиот репрезентативец полека влегува во ритам по цело лето поминато во одмор и следење коњски трки.

Сепак, и по долга пауза, класата е евидентна.

Никола Јокиќ во победата над Клиперс испорача 25 поени, 14 скока и осум асистенции, а за една од нив посебно се зборува.

Како и секогаш, така и синоќа без голема мака и опуштено ја покажа разликата во класа и најави уште една сезона за паметење. Погледнете ја неговата асистенција со Арон Гордон.

ПретходноМодриќ во јануари од Реал се сели во Манчестер?
СледноМирко Вучиниќ осуден на две години условно!