Халанд не може без еден ритуал, имал посебно барање при изборот на куќа во Манчестер

310

Ерлинг Халанд има необичен ритуал без кој не може да живее. Станува збор за редовно одење во сауна. Норвежанецот тврди дека токму жешката пареа му помага да остане во форма и дека тоа е една од главните причини поради која често нема проблеми со повредите.

Минатогодишниот добитник на „Златната топка“ се обидува оваа навика да им ја пренесе на своите пријатели од клубот, па многу често ги повикува да се приклучат на овој обичај кој е популарен во земјата од која доаѓа.

Фудбалерот на Сити во неколку интервјуа истакна дека при изборот на куќа во Манчестер се погрижил неговиот нов дом да вклучува сауна, бидејќи тоа му било многу важен детал.

Халанд смета дека овој ритуал е заслужен за добрата физичка кондиција и затоа не е склон кон повреди. Минатата сезона во Манчестер Сити, напаѓачот пропушти само пет натпревари поради повреди.

Друга предност на топлата пареа која Халанд ја наведува е тоа што нема проблем со несоница. Тој пред спиење се опушта во сауна бидејќи тоа му помага да има добар сон, кој пак влијае и на неговиот одмор, како и на побрзо закрепнување од напорните тренинзи.

Избраниците на Пеп Гвардиола во следното коло играат против Брајтон на домашен терен, а Халанд од почетокот на сезоната постигна осум гола и исто толку асистенции за сините.

ПретходноАл Итихад одигра 1:1, Бензема стрелец на двата гола (видео)
СледноАлкалоид не го менува стилот, нова убедлива партија за „осум од осум“