Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз во следните неколку недели ќе се борат за првото место на АТП листата. Двајцата сигурно ќе играат на Мастерсот во Париз и на завршниот турнир во Торино каде ќе се решава прашањето за тронот. Но во меѓувреме закажаа уште една пресметка и тоа во Саудиска Арабија.
Според британскиот новинар Џејмс Греј, на 27 декември во Ријад бил договорен дуел меѓу српскиот и шпанскиот тенисер. Тие ќе играат на стадион кој има капацитет од над 40.000 седишта и се вика „Кингдом арена“. Вистински спектакл се очекува во земја која во последно време инвестира огромни пари во спортот.
Познато е дека С.Арабија се прослави по фудбалот во последните неколку месеци, но тоа не е доволно, сега веќе се подготвува и овој тениски спектакл.