Изненадување во Неготино: Вардар (Н) го победи Пролет, во езерското дерби Охрид ја совлада Струга!

56

Големо изненадување во Неготино, домашниот тим на Вардар со 24:22 успеа да го победи фаворизираниот тим на Пролет и со тоа да дојде до првата победа сезонава во ракометната Суперлига во групата – Б.

Митевски, Адамовиќ и Пеовски постигнаа по пет голови кај победничкиот состав, додека Палевски кај Пролет беше стрелец на 12 голови.

Во езерското дерби, Охрид како домаќин славеше против Струга со 30:20. Со овие бодови, тимот на Охрид сега е трет во групата -А, веднаш зад Алкалоид и Тиквеш.

Во текот на целиот меч домашниот тим беше подобар и на крај сосема заслужено победи.

ПретходноПрекрасен гол на Адеми, но Динамо (З) шокиран на гостувањето кај Горица (ВИДЕО)
СледноЕХФ Евро Куп: Тиквеш убедливо поразен на гостувањето кај Кремс