МЗТ Скопје му одржа лекција на Работнички во првата пресметка сезонава (ФОТО)

601

Првото овосезонско вечно дерби заврши во корист на , го совлада со 59-73 меч од четвртото коло во Првата лига. Овој дуел имаше и прекин, домашните навивачи фрлија хартиени ленти, „Сити Парк Бојс“ ја напуштија салата поради судир со полиција која уапси нивни член.

Актуелниот македонски првак на најдобар начин им се врати на победите по поразот од Пелистер, додека пак Работнички запиша нов пораз, број два.

Дамјан Стојановски со 17 поени беше прв стрелец, Танасковиќ имаше 16 поени, додека Вокру имаше 14 поени. На другата страна Дексои имаше 17 поени, Трис имаше 11 поени, додека Рикиќ 10 поени.

Првата четвртина беше изедначена. Откако МЗТ Скопје поведе со 2-8 во третата минута, Рикиќ и Дексои вратија за 6-8. Бранителот на титулата водеше и со 8-12 и 10-14, но домаќинот со серија од четири поени изедначи на 14-14.

На самиот старт следеше прекин, навивачите на Работнички фрлија хартиени ленти, а гостите се повлекова во своја соблекувална. Двете навивачки групи разменија и по некој предмет, па и кошаркарите на Работнички мораа да се тргнат од својата клупа. После долго преговарање, судиите одлучија мечот да продолжи, а пред крајот на втората четвртина Војдан Стојановски, Робев и Андоновски на одморот донесеоа највисоки 25-32.

МЗТ Скопје на стартот на третиот период отвори со серија од 9-0 за 27-41, нешто подоцна, поточно во 25 минута беше 29-44. Не застана актуелниот македонски првак, ги користеше сите грешки на противникот, поведе со 34-50. Во овој период расположен беше Војдан и Дамјан Стојановски.

Во последната четвртина МЗТ Скопје влезе со предност од 44-55. Танасковиќ, Вокру и Расел по само две минути игра зголемија на плус 16 (44-62). Мираковски повика тајм-аут, но ништо не се промени на теренот, зошто вечниот ривал поведе со 21 разлика (52-71).

Во исто време играа Еуро Никел и Пелистер, а победата ја однесоа битолчани, славеа со 60-66 и фатија ритам во прволигашкото друштво.

 

ПретходноХаос во Кале, фановите на Работнички се судрија со полицијата! (ФОТО)
СледноИнтер го “скрши“ Торино и сега е лидер!