Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го постигна првиот гол во дресот на Динамо Загреб по неговото враќање од Кина. Денеска на гостувањето кај екипата на Горица, Динамо (З) беше изненадувачки поразе со 2:1, иако Адеми со еден прекрасен гол го отвори резултатот во 63. минута
Домашните само 7 минути подоцна израмнија, а во втората минута од судиското продолжение и направија комплетен пресврт за победа од 2:1. Во составот на „модрите“ од првата минута беше и Стефан Ристовски.
Со овој пораз, Динамо (З) веќе заостанува три бода зад лидерот Ријека.