Екипата на Аеродром дојде до нови важни бодови во својата дебитанска сезона во Супер-лигата. На домашен терен беше подобар со 26-23 од Куманово за четврта победа во групата А.
Двата тима одиграа одличен меч со бројни пресврти. Гостите беа подобар противник во првото полувреме, воедоа со 4-7, 7-11, на одморот Аеродром со два гола во низа намали на 9-11. Во вториот дел сликата се промени, домаќинот со серија од 3-0 поведе со 19-18, а потоа нова мала криза на противникот ја искористи за водство од 22-19. Куманово успеваше да се врати на гол негатива, по што во финишот целосно падна.
Костов со 12 гола беше прво име во редовите на победникот, на другата страна Тасевски и Даневски реализираа по пет погодоци.