Арсенал брка четврта победа по ред над Челзи, но Покетино никогаш не изгубил од „топчиите“

126

Денеска со почеток од 17:30 часот во рамките на 9.коло на Премиер лигата силите ќе ги одмерат лондонскиот ривали Челзи и Арсенал. „Тоопчиите“ ја бараат четвртата едноподруго победа над градскиот ривал, а доколку успеат тоа ќе им биде првпат да направат такво нешто во 173-те меѓусебни натпревари во најсилната англиска лига.
Арсенал го совладуваше Челзи на претходните три меча и тоа кога „сините“ на клупата ги имаа Френк Лампард, Грем Потер и Томас Тухел. Ќе видиме како ќе помине Маурицио Покетино вечерва. Тука вреди да се спомене дека Покетино никогаш не изгубил меч од Арсенал, има три победи и три ремија.

Севкупно Арсенал нема пораз на 15 премиерлигашки натпревари против лондонски екипи (11 победи и четири нерешени) што е трета најдолга серија на било кој тим во историјата на најсилната англиска лига.

Моментално Арсенал е втор на табелата со 20 бодови исто колку и лидерот Тотенхем. Челзи е на 11. позиција со 11 бодови.

Што се однесува до здравствениот билтен, Челзи ќе ги нема на располагање Броха, Чалоба, Чуквуемека, Чилвел, Нкунку, Фофана и Лавиа. Кај Арсенал повредени се Букајо Сака, Леандро Тросар, Јуриен Тимбер и Вилијам Салиба.

За крај да кажеме дека Арсенал со победа на „Стемфорд Бриџ“ може да заокружи четири гостински триумфи без примен гол (досега се победени Кристал Палас, Евертон и Борнмут). Значи со победа и без примен гол Арсенал ќе стане единствениот во историјата на Премиер лигата со триумфи на првите четири гостински натпревари.

Претходно„Сити Парк Бојс“ се мобилизираат пред вечното дерби број 163
СледноГвардиола го посочи тренерот кој достојно би го заменил во Манчестер Сити