Брегалница како ретко кој клуб во Македонија се обидува да биде нешто посебно. Па така вчера во Штип, Брегалница организираше „Fun Day“ за своите најмали фанови, кои просто беа воодушевени зошто имаа можност да се дружат со своите миленици од ФК Брегалница. Детски насмевки, жагор, селфија, подароци, едноставно забавен ден со најмалите фанови и полни детски срца.
Браво за Брегалница, така треба. Уште еднаш на дело се покажува како работи еден општестевено – одговорен клуб.