Бутел преку Прилеп до нова победа!

84

Во меч од 8.коло во ракометната Суперлига, во групата -Б, Бутел како домаќин успеа да го победи составот на Прилеп со 27:21 (13:12).

Екстра важна победа за домашниот состав, вкупно петта во изминатите осум меча во новата сезона во нашата ракометна елита.

Ова беше одмазда на Бутел за поразот од Прилеп во 1.коло оваа сезона.

Во првото полувреме, но и на стартот од вториот дел се играше рамноправно, Бутел имаше водство, но никако не успеваше да се одлепи резултатски.

Дури во последната фаза од средбата Бутел направи разлика од 24:18, со што веќе се знаеше кој ќе победи на оваа средба.

ПретходноМајсторот останува мајстор: Спектакуларен гол на Роналдо од слободен удар! (ВИДЕО)
СледноХаос во Кале, фановите на Работнички се судрија со полицијата! (ФОТО)