ВМФЛ: Нов кикс на Пелистер, на Автокоманда без голови, Детонит убедлив против Осогово

1334

Попладнево се одиграа сите осум меча од 9.коло во ВМФЛ. Пелистер неочекувано одигра само 1:1 на гости кај Арсими и тоа во Речица. Големи два бода отидоа во ветар за битолчани. И сега е четврти на табелата.

А Автокоаманда голема борба, но без голови. Скопје успеа да одигра 0:0 против лидерот Беса.

Затоа Детонит со 3:0 беше убедлив против Осогово и со овие три бода сега е втор на табелата. Башкими реди победи, попладнево во Струга успеа со 1:2 да го победи Караорман. Кожув – Победа како и Вардар (Н) – Тетекс завршија со резултат 0:0.

Охрид ја продолжува својата супер серија. Денеска победа над Новаци со 1:3, нема што Охрид најавува битка за пласман во Првата лига, само вака да продолжи.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 9.КОЛО

АРСИМИ – ПЕЛИСТЕР 1:1

ДЕТОНИТ – ОСОГОВО 3:0

СКОПЈЕ – БЕСА 0:0

САСА – БЕЛАСИЦА 2:4

КАРАОРМАН – БАШКИМИ 1:2

КОЖУВ – ПОБЕДА 0:0

НОВАЦИ – ОХРИД 1:3

ВАРДАР (Н) – ТЕТЕКС 0:0

ТАБЕЛА

Беса 22, Детонит 19, Охрид 19, Пелистер 18, Кожув 16, Башкими 16, Тетекс 14….

ПретходноАлкараз барал богатство за да се појави на турнир!
СледноСава Радиќ: Во Ѓорче одиме по трите бода!