Ракометарите на Тиквеш не успеаја да ги зачуваат оние четири гола предност од првиот меч со австриски Кремс, па по убедливиот пораз од 33:25 на вечерашниот реванш дуел во Австрија и официјално ги завршија настапите во Евро Купот на ЕХФ. Во реванш дуелот од 2. коло, кавадарчани заминаа со предност од првиот домашен меч, но очигедно иако добро се држеа во првото полувреме (17:13) во вториот дел немаа сили да издржат на патот до следната фаза.
Австријците го имаа одличниот Тим Розман кој со 8 гола ги предводеше до големата и убедлива победа. Одличен кај Кремс беше и Аус со 7 погодоци, кои едноставно беша нерешлива загатка за кавадаречкиот тим.
Кај екипата на Тиквеш тројца ракометари завршија со по пет постигнати гола и тоа: Атанасовски, Симиќ и Мајиќ.