Жестоко обвинување: Постои тајна соба која ја „контролира“ ВАР собата во Шпанија!

511

Шпанскиот фудбал повторно доби удар со уште една судиска контроверзија. Поранешен судија Хавиер Естрада Фернандез тврди дека во Шпанија има „инсталирано“ дополнителна ВАР соба (ВОР соба) која ги контролира одлуките на судиите и техничарите во вистинската ВАР соба.

Фернандез се откажа од судењето кога случајот „Негреира“ излезе во јавност на почетокот на оваа година, а го нарече „кукавица“ шефот на судиската комисија во Шпанија, Луис Медина Кантаљехо.

Тој зборуваше за „радио МАРКА“ дека има тајна ВАР соба која се користи за дерби натпреварите во Шпанија со што се врши притисок врз судиите.

Тоа е собра која се употребува неколку години од страна на судискиот комитет. Значи има две соби. Едната за техничарите и операторите, системот „Хок ај“ што е наречена ВАР соба и дополнителна соба која не е заведена во статутот на Федерацијата, не е во ВАР протоколот, ниту е пријавена“, изјави Фернандез.

Според него, првпат собата почнала со работа во сезоната 2019/20 за големите натпреари како Ел Класико. Тој смета дека во таа соба се исправуваат грешките на оние од вистинската ВАР соба со што директно влијае врз судиите и нивните одлуки на натпреварите.
Тие формираа таква соба без да и објаснат на јавноста зошто, ниту ги информирале клубовите. Јасно е дека постои комуникација помеѓу тие две соби“, додаде екс-судијата.

Помошната ВАР соба требало да ги оценуваат одлуките на судиите во ВАР, но не контактираа директно со судиите. Поради големиот обем на работа, од 2022/23 овие функции почнале да ги извршуваат оние кои ја следат работата на ВАР како помошен ВАР судија. Им било наложено да реагираат доколку сметаат дека судиите од ВАР погрешиле. Ова упатство ги крши меѓународните правила на ВАР бидејќи таквото мешање може да влијае на конечната одлука на ВАР судијата.

РЕАКЦИЈА ОД РФЕФ
Во петокот наутро од Федерацијата реагираа на обвинувањата со соопштение.
Со цел категорично да се демантира и појасни некоја неодамнешна публикација, би сакале да информираме дека просторот ВОР во фудбалскиот град во Лас Розас на Кралскиот Шпанската фудбалска федерација, која во многу наврати беше прикажана и на професионалните клубови и на медиумите како вежба на апсолутна транспарентност, се состои од седум затворени ВАР соби, простор со пет ВАР станици и две дополнителни простории.

Во првата дополнителна просторија, техничари од технолошкиот провајдер Hawk-Eye се задолжени за техничко управување на натпреварите (подготовка на натпреварите со телевизиска продукција, софтверски менаџмент, серверска контрола итн.). Во вториот, наречен ВАР резервна соба, има дополнителен ВАР судија за секој од натпреварите, чија функција е да го следи натпреварот и да биде подготвен да го замени ВАР или АВАР во случај на медицински проблем.

Ова лице му дава на Техничкиот комитет на TAC непосредни информации за какви било технички проблеми на натпреварите или вонредни инциденти (временски проблеми, несреќи на публиката, итн.), но тие НИКОГАШ не комуницираат со ВАР или AVAR на натпреварот, освен како исклучок, да ги информира дека офсајд линиите испратени до ТВ продукцијата не се прикажани во програмата, бидејќи таа е таа која одлучува дали ќе ги вклучи или не во преносот.

Ла Лига е свесна за овие простори уште од самиот момент на нивното создавање. Покрај тоа, и сегашниот член назначен од Ла Лига во Арбитражниот комитет за професионална конкуренција, Артуро Дауден Ибањез, и неговиот претходник, Антонио Хесус Лопез Нието, постојано ги посетувале овие простории и се целосно свесни за нивната употреба.
Исто така, важно е да се запамети дека постоењето и користењето на овие дополнителни простории е вообичаено во меѓународните натпревари на ФИФА и УЕФА, како и во главните европски лиги.

Исто така да потсетиме дека сликите и аудиото генерирани во просторијата VOR за време на натпреварот се снимаат, па може да се прегледаат во случај на сомнежи“.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ НА ОВОЈ ЛИНК 

ПретходноЗарко со победа на ГП Австралија по фантастично извозените последни километри
СледноЛеклер на пол позицијата во Остин по грешката на Верстапен